ФЕИТ потпиша меморандум за соработка со македонската компанија за индустриска автоматизација ХАС Инженеринг од Скопје. Предмети на соработката се меѓу другото заедничка работа на апликативни и развојни проекти, како и заемна материјална и стручно-професионална поддршка.
Како прв конкретен чекор во рамките на новата соработка, ХАС Инженеринг донираше опрема за индустриска автоматика за Лабораторијата за автоматика и системско инженерство, која се состои од програмабилни логички управувачи, серво системи и мрежна опрема, во вредност од 9.000 евра. Со тоа, ХАС Инженеринг се приклучува на растечката група на партнери на ФЕИТ од индустријата како сребрен партнер.
Факултетот се надева на долгорочна, успешна и плодна соработка со партнерите од ХАС Инженеринг.