Наслов: Одржана работилница на тема: „Оптимизација: Од проблем до решение со DESMOS”, во ФАБЛАБ во соработка со институтот за Математика и физика при ФЕИТ

Објавено: ноември 13, 2026

Институтот за математика и физика (ИМФ) при ФЕИТ, во соработка со СЕТУГС „Михајло Пупин“, меѓународното училиште „НОВА“ и СУГС гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ на 6.11.2026 година организираше  работилница во лабораторијата за производство – ФЕИТ ФАБЛАБ, на тема: „Оптимизација: Од проблем до решение со DESMOS”. Работилницата беше реализирана од проф. д-р Сања Атанасова и Ана Плетварец, асистент на Катедрата при ИМФ.

Целите на работилницата беа продлабочување на разбирањето на линеарните равенки и неравенки, запознавање со основните принципи на оптимизацијата и линеарното програмирање, и развивање способности за претворање реална ситуација во математички модел. Активностите беа насочени и кон развивање дигитални вештини, логичко и критичко размислување, самостојност во решавањето задачи, тимска соработка и аргументирано презентирање на добиените решенија.

Работилницата беше посветена на поврзување на математичките знаења со решавањето реални проблеми преку дигиталната алатка DESMOS. Главниот мотив беше математиката да им се приближи на учениците како практична алатка за анализа, донесување одлуки и наоѓање оптимални решенија при зададени ограничувања.

Со ваквите активности, ФЕИТ континуирано придонесува кон поттикнување на интересот кај младите за техничките науки и нивна насоченост кон идни академски и професионални кариери.