Во рамки на активностите на меѓународниот проект TRANSIT, во кој македонски партнери се Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, (УКИМ), Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и ЕВН Македонија, се организира натпревар за најдобар детски цртеж поврзан со обновливи извори на енергија. Ги покануваме учениците основните училишта на возраст од 7 до 11 години да се вклучат во натпреварот.
Учесниците (основни училишта) се поканети да го пополнат приложениот краток формулар за учесници. Формуларот е на англиски јазик поради меѓународниот карактер на проектот. Родителите на учениците кои ќе учествуваат на натпреварот ќе треба да потпишат формулар за согласност кој исто така го испраќаме во прилог на оваа порака.
Најдобриот цртеж ќе биде награден на државно ниво со TRANSIT трофеј, парична награда од 300 евра за институцијата и соодветен подарок за детето. Победникот на државно ниво ќе биде дел од натпреварување на европско/меѓународно ниво. Меѓународните награди вклучуваат трофеј и парична награда од 1000 евра за институцијата и подарок за детето. Натпреварот е отворен од 01.03.2024 година до 31.03.2024 година.
Трудовите од државните натпревари, како и трудовите од меѓународниот натпревар, ќе бидат оценувани од Комисија за спроведување на натпреварите, која е составена од по еден член од сите европски земји кои учествуваат во проектот.
Повеќе информации за проектот TRANSIT се достапни на веб страната овде. Овој проект има за цел да обезбеди програми за обука и преквалификација за тековните и идните генерации во областа на обновливи извори на енергија и одржлив развој.
„На 14.05.2024 г. одржан е состанок на комисијата за доделување на наградите на проектот TRANSIT која се состои од учесници во проектот.
Добитник на наградата е ученичката Ана Вучкова од ООУ „Војдан Чернодрински“ – Скопје.
Поради големиот интерес за натпреварот се прогласуваат и 2. и 3. место на: Матеј Велиновски од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица и Јана Ефремовска од ООУ „Санде Штерјоски“ – Кичево.“