Во рамките на своите редовни активности, ИНОФЕИТ ДИХ ја одржа својата трета работилница на 30.03.2023 за партнерите од својата мрежа. Работилницата беше фокусирана на презентација на четирите прототипови кои се развиваа од експерти на ИНОФЕИТ ДИХ во изминативе девет месеци, а поддржани преку ко-финансираниот проект за подигнување на капацитетот на ИНОФЕИТ ДИХ од страна на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Презентираните прототипови беа развивани во блиска соработка со компании поддржувачи на ИНОФЕИТ ДИХ и се фокусираа на различни аспекти на користењето на IoT во современи технолошки решенија за е-медицина, фотонапонски системи и телеметриско следење на параметри.
Третата работилница е воедно и последна во рамките на ко-финансираниот проект од ФИТР. Користиме прилика да упатиме голема благодарност до ФИТР за поддршката преку која ИНОФЕИТ ДИХ значително ги унапреди своите активности, ја прошири својата мрежа, стана дел од голем број европски иницијативи/мрежи и доби сопствена и најсовремена IoT лабораторија отворена за соработка со сите релевантни чинители.