Новоизбраните доценти, д-р Бојана Величковска и д-р Ана Чолакоска Цилакова, одржаа воведни предавања пред останатите колеги од ФЕИТ и неколку други факултети од УКИМ. Воведните предавања беа на тема „Идентификација на расна пристрасност во податочни множества со помош на машинско учење“ (доц. д-р Бојана Величковска) и „Федеративно машинско учење за зголемување на безбедност и приватност кај Интернет на нешта“ (доц. д-р Ана Чолакоска Цилакова). Предавањата беа одлична можност за колегите да се запознаат со работата на новоизбраните доценти, нивните достигнувања како и можностите за идна, интердисциплинарна, соработка.