Џорџа Ниеду – докторантка на Универзитетите во Каљари и Мачерата, во рамки на својот докторски престој на ФЕИТ, ги претстави потенцијалите на примената на вештачката интелигенција за унапредување на наставата по математика во основното и средното образование. Таа зборуваше за начините на кои големите јазични модели можат да бидат искористени како од учениците, така и од наставниците за олеснување на совладувањето на математичките концепти и надминување на препреките во усвојување на материјалот. Предавањето се одржа на 13. ноември во просториите на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ.
По предавањето, се разви богата дискусија со присутните професори и студенти кои беа од неколку факултети на УКИМ, меѓу кои ПМФ, ФИНКИ и ФЕИТ, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, како и од средното стручно училиште „Михајло Пупин“. Имавме шанса да ги чуеме различните искуства со примената на ВИ од двете страни на образовниот процес, како и да споделиме идеи за нејзино поголемо искористување за подобрување на образовниот процес.
Предавањето беше поддржано од ФЕИТ и ИНОФЕИТ и македонската секција на ИЕЕЕ.