Огромен е успехот и оваа година на ФЕИТ женската штафетна екипа на 18-ТИОТ СКОПСКИ МАРАТОН

Објавено: октомври 3, 2022

На 2ри октомври 2022 година се одржа 18тиот Скопски маратон. ФЕИТ како и секоја година зема учество со свои претставници.

Огромен е успехот и оваа година на женската штафетна екипа која по трет пат го освои првото место (златен медал), тимот на златните девојки: Александра Златкова, Моника Стрезовски, Сара Алексоска и Емилија Чона.  Машкиот штафетен тим : Дарко Колоски, Борис Даев , Марко Петров и Александар Караманов,  го освои 20-тото место. Успешен настап за тимот на ФЕИТ постигнаа и маратонците Томислав Карталов и Томислав Шуминоски, кој за прв пат ја помина маратонската дистанца од 42.2km. На полумаратонската дисциплина од 21.1 km учество земаа: Маре Србиновска, Ања Крстевска, Виктор Сапунџиовски, Јован Донев. На најмасовната трка од 5km ФЕИТ го претставуваа: Весна Андова, Михаил Димовски и Стефан Крстески.

Деканот на ФЕИТ им го честита одличносот постигнување на сите маратонци, со желба и мотив за уште поголеми предизвици и успеси.

Спортски поздрав,

ФЕИТ/Peak2Peal