На ден 09.12.2020, во една од виртуелните училници на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ, се одржа отварањето на 8та Студентска Конференција за Енергетска Ефикасност и Одржлив Развој – СКЕЕОР 2020. Како и секоја година така и оваа се долови главната идеа на СКЕЕОР, а тоа е размена на идеи и мислења меѓу студентите, професорите и претставниците од енергетските компании со што би се направил чекор напред кон решавање на дел од проблемите од областа на енергетска ефикасност и одржлив развој.
Конференцијата опфаќа широки и актуелни области на истражување, како да се користат обновливите извори на енергија, како и можностите за нивна поширока имплементација во секојдневието. Подеднакво внимание се дава и на зголемување на енергетската ефикасност и одржливиот развој во сите сегменти во општеството.
Оваа година составот на СКЕЕОР е проширен и се состои од: претседател Мариела Клековска, потпредседател Марија Арсова, PR и маркетинг Сара Алексоска и Билјана Панкова, Одговорни за финансии – Мила Поповска и Теодора Стојковска, Одговорни за труд и рецензија – Марко Минов и Давид Ѓорѓевски и одговорни за Логистика – Јована Сибиновска и Виктор Сапунџиовски сите студенти или веќе дипломирани на ФЕИТ, Скопје.
На отварањето на СКЕЕОР 2020 освен што се дискутираше со цел стекнување нови знаења и изнаоѓање трајни решенија од областа на енергетска ефикасност и одржлив развој, се обратија и членовите од организациониот одбор, членови од ректорот на УКИМ, претставник на деканатот на ФЕИТ, како и долгогодишни партнери и подржувачи.
Во продолжение пренесуваме дел од кажувањата на нашите обраќачи:
Претседателот на СКЕЕОР, Мариела Клековска: “Она што успеавме да го направиме во последната година е од особено значење како за СКЕЕОР така и за ФЕИТ. СКЕЕОР од годинава е интернационална студентска конференција со нови 10 странски членови на научниот одбор.”
Потпредседател на СКЕЕОР, Марија Арсова: “Еден ваков настан не би можел да се организира без сесрдната помош на нашите поддржувачи и спонзори. Дозволете да ги споменам и нив. Оваа година тоа беа УКИМ, УСС, Град Скопје, Мако Сигре и компанијата Мепсо.”
Претседател на Универзитетското Студентсо Собрание, Борјан Ефтимов: “Успесите и континуитетот кои ги има СКЕЕОР претставуваат мотив и пример за целиот Универзитет. Токму оваа конференција и нејзините успеси изминативе години ни дадоа идеја да организираме, 5 други студентски конференции по примерот на СКЕЕОР. Влијанието на СКЕЕОР во унапредување на целиот Универзитет е неспорно.”
Претставник на Град Скопје, Иван Иванов:“СКЕЕОР се фокусира на динамичната интеракција и интеграција помеѓу енергетската ефикасност и орджливиот развој и отвара простор за нова научна делотворна акција, таква каква што Град Скопје ги поттикнува и подржува.”
Продеканот за настава при ФЕИТ, проф. д-р. Соња Зајкова: “Студентите се нашата иднина. Како професори, имаме привилегија да ги следиме нивните и нивните идеи подготвеност да придонесе за новите иновативни технологии.”
Проректорот за наука при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје, проф. д-р. Валентина Гечевска: “Секоја година ме фасцинираат студентите на ФЕИТ со нивниот ентузијазам и посветеност да организираат успешни настани кои од година во година прераснуваат во препознатливи брендови на факултетот, но и за универзитетот, генерално.”
Jа задржавме меѓународната димензија на конференцијата, при што тимот на СКЕЕОР успеа да обезбеди учество на студенти од различни земји. Како и секоја година и на овогодинешната конференција имавме можност да ги чуеме предавањата од пленарните предавачи – врвни експерти во својата област, кои не неупатија во новините од светот на инженерството. Годинава агендата ја збогативме и со панел дискусија, во која учество земаа успешни членови од бизнис секторот, но и студентите.
СКЕЕОР искажува голема благодарност до патронот ФЕИТ, сите учесници, професори, партнери, подржувачи и модератори.