Отворен ден и пролетна дружба на ФЕИТ

Датум на настан: 12.04.2025

Оваа сабота (12.04.2025) со почеток во 13:00 часот се организира Отворен ден на Факултетот и традиционалната пролетна дружба со кадарот и студентите.

Во рамките на отворениот ден се планирани повеќе активности за средношколците од сите средни училишта во Државата:

– претставување на студиските програми на ФЕИТ
– посета на лаборатории преку Scavenger HUNT (предизвици, забава и награди) – во организација на ФСС ФЕИТ

– разговор и неформална дружба со кадарот и студентите на Факултетот

Како и секогаш, пролетната дружба надвор од училниците и лабораториите вклучува добра музика, инженерско кафе и забавни игри.

– забава со DJ
– board игри
– спортски игри
– кафе, пијалоци и добра храна

Добредојдени се сите кои сакаат да го запознаат ФЕИТ, како и сите поранешни ФЕИТ алумни.

ФЕИТ и ФСС ФЕИТ