Отворен ден на УКИМ – 2 декември 2022

Датум на настан: 02.12.2022
Драги матуранти, наши идни студенти,

Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, на 02 декември 2022 го организира традиционалниот настан „Отворен ден на УКИМ“!
Настанот ќе се одржи со физичко присуство во просториите на секој од факултетите во два термина, од 10:00 – 12:00 часот и од 12:00 – 14:00 часот.
Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.
Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сѐ што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практиканството, за кариерните можности….

Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!