Отворени денови на ФЕИТ 04-06 март 2021

Датум на настан: 04.03.2021

 

Почитувани матуранти, средношколци и други заинтересирани, ве покануваме на нашиот online настан ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје (ФЕИТ).
На овој настан организиран од УКИМ/ФЕИТ ќе можете да се информирате за седумте студиски програми на прв циклус – додипломски студии и постапно ќе ви се образложи начинот и условите за конкурирање, односно за запишување на ФЕИТ. Ќе ви се претстават тековните студенти со своите успешни проекти, а исто така ќе можете да стапите во контакт со веќе успешни ФЕИТ дипломци и магистранти кои со вас ќе ја споделат нивната ФЕИТ приказна. Ќе можете да се вклучите и да ги следите презентациите, а на располагање за сите ваши прашања во врска со студирањето на ФЕИТ ќе ви бидат тековните студенти, како и Продеканот за настава.
За да не бидеме само сериозни, во текот на трите дена ќе можете да се забавувате/натпреварувате во турнири на Counter- Strike и Шах кои ќе може да ги најдете во делот на GAMING@FEEIT.
ОТВОРЕНИТЕ ДЕНОВИ НА ФЕИТ ќе траат од 04-06 март 2021 и ќе може да се вклучите во живо и да ги следите преку платформата ZOOM.
Повеќе на : www.open.feit.ukim.edu.mk