Подготвителна настава од Математика, Физика и Програмирање

Објавено: септември 6, 2023

Почитувани идни студенти на ФЕИТ,

Факултетот за електротехника и информациски технологии и годинава организира подготвителни курсеви по предметите математика, физика и основи на програмирање (Code@FEIT). Курсевите ќе се реализираат во 20 школски часа по секој  предмет,  во периодот од 14. до 29. септември 2023 година (математика и физика: 14.-22., Code@FEIT-25.-29.).

На подготвителните курсеви ќе се потенцираат предзнаењата што треба новите студенти да ги имаат за да се вклучат успешно во наставата.

Темите кои ќе се обработуваат се:

Математика:

Тема 1 Тема 2 Тема 3 Тема 4 Тема 5 Тема 6
Алгебарски изрази. Полиноми. Комплексни броеви Линеарна, квадратна функција. Апсолутна вредност Експоненцијална и логаритамска функција. Прогресии Тригонометриски функции Тригонометриски равенки и неравенки. Трансформација на графици Аналитичка геометрија. Планиметрија и стереометрија
3 часа 3 часа 3 часа 4 часа 4 часа 3 часа

Физика:

Тема 1 Тема 2

 

Тема 3

 

Тема 4

 

Тема 5

 

Тема 6

 

Физички величини и единици.

Кинематика на материјална точка.

Динамика.

Динамика на вртливо движење.

Механика на флуидите.

Механички осцилации и бранови.

Основи на молекуларно-кинетичка теорија и термодинамика. Светлински појави. Атомска и нуклеарна физика.
3 часа 4 часа 4 часа 3 часа 3 часа 3 часа

Основи на програмирање (Code@FEIT)

Тема 1 Тема 2

 

Тема 3

 

Тема 4

 

Тема 5

 

Запознавање со Java.

Вовед во основните концепти на програмирање

 Типови податоци, константи и променливи

 Запознавање со оператори и операции

Запознавање со структурите за избор и концепт на функции/методи Запознавање со структури за повторување и подетална работа со функции. Запознавање со низите како податочни структури;

Алгоритми за сортирање.

Користење на научениот материјал за решавање на

практични проблеми.

4 часа 4 часа 4 часа 4 часа 4 часа

Пријавувањето се врши со пополнување на апликација на следниов линк:

https://forms.gle/JfSJVYwAqerJxXzJ8

 

Цената на секој од курсевите (посебно), што треба да се уплати на факултетската жиро сметка изнесува по 2000 ден. Кандидатите при алицирањето треба да прикачат уплатница со цел на дознака:

  • за подготвителна настава по математика или
  • за подготвителна настава по физика.
  • за Code@FEIT 2023

За сите дополнителни информации соодветно на курсевите обратете се со е-мејл до

podgotvitelna_matematika@feit.ukim.edu.mk

fizika@feit.ukim.edu.mk

codeatfeit@feit.ukim.edu.mk

Факултет за електротехника и информациски технологии

Институт за математика и физика

Институт за компјутерски технологии и инженерство