Подобрување на европско истражување и развој преку соработка меѓу индустријата и високото образование

Датум на настан: 06.06.2024

На 6ти јуни 2024 година (четврток), со почеток во 10:00 часот во Центарот на трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ ќе се одржи настанот „Подобрување на европско истражување и развој преку соработка меѓу индустријата и високото образование “.

Работилницата е организирана во рамки на проектот INITIATE – Подобрување на европско истражување и развој преку соработка и институционална трансформација, поддржан од програмата за истражување и иновации на Европската комисија, HorizonEurope.

Работилница има за цел да придонесе кон подобрување на иновацискиот екосистем за зелена и дигитална транзиција преку мапирање на моменталната состојба, можностите и предизвиците за соработка меѓу високото образование и индустријата. Врз основа на мапирањето, учесниците ќе работат на ко-креирање на заедничка визија за подобрување на оваа соработката во иднина.

Проектот е финансиран од Европската Унија под грант број 101136775. Ставовите и мислењата искажани се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија. Ниту Европската унија, ниту органот што го доделува не може да биде одговорен за нив.