Ве покануваме да присуствувате на предавањето на проф. д-р Јовица Вулетиќ на тема: „Уред за заштита од прекин на неутралниот проводник – како до патент“, кое ќе се одржи во вторник- 13 мај 2025, од 13:00 часот, во Салата за состаноци на ФЕИТ.
Предавањето ќе опфати:
- Преглед на проблемот со прекин на неутрален проводник во нисконапонски мрежи
- Идејно решение и технички детали на патентираниот уред
- Процесот на поднесување патент: подготовка, документација, трошоци
- Перспективи за натамошен развој и примена на уредот
Повеќе информации:
https://events.vtools.ieee.org/m/484281
Потврдете присуство со пополнување на формуларот:
https://forms.gle/M3fqf82SC6FWm4sC8
Настанот е организиран и поддржан од македонската секција на IEEE, преку:
- Одделот за електроенергетика (PE031)
- Одделот за индустриска електроника / индустриски апликации / енергетска електроника (IE013 / IA034 / PEL035)