На 30 септември 2026 година, новоизбраниот дописен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), проф. д-р Мирко Тодоровски, го одржа пристапното предавање на тема „Електроенергетски системи во ера на енергетска транзиција – очекувани предизвици“.

Во текот на предавањето проф. Тодоровски се осврна на предизвиците поврзани со енергетската транзиција, особено со широката интеграција на производството од обновливи извори на енергија во електроенергетските системи. Во неговото предавање проф. Тодоровски ги изложи дел од своите истражувања и решенија за справување со овој предизвик, вклучувајќи ја и примената на системи за складирање на електрична енергија. Во своето излагање се осврна и на состојбите и предизвиците на македонскиот електроенергетски систем.

Проф. Тодоровски беше избран за дописен член на МАНУ во ноември 2025, за што доби поддршка и од колегите од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Му честитаме на проф. Тодоровски за извонредното предавање му посакуваме да продолжи успешно да ја гради својата научно-истражувачка кариера, отсега и како дел од Одделението за технички науки при МАНУ.


