На 1 февруари 2023 година во Амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите, проф. Зоран Хаџи-Велков го одржа своето пристапно предавање во МАНУ, на тема:
„Безжичен пренос на енергија и информација – од разговорот меѓу Шенон и Тесла“.
Д-р Зоран Хаџи-Велков е редовен професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии и афирмиран научник во областа на безжичните комуникации. Избран е за дописен член на МАНУ на 20-тото изборно собрание одржано на 30 март 2022 година.