Промоција на дипломирани инженери и магистри 2024

Датум на настан: 18.06.2024

Промоцијата на студентите кои дипломирале и магистрирале од мај 2023 до април 2024 година ќе се одржи на 18.06.2024 година, во Филхармонија на РСМ во Скопје. Оваа година настанот ќе биде збогатен и со пригодна свечена академија со која ќе се одбележи 65-годишнината од постоењето на Факултетот.

Детали за промоцијата:

Списоците на дипломираните и на магистрираните студенти на ФЕИТ кои ќе бидат промовирани се дадени подолу.

Термините во кои дипломците и магистрите треба да ја подигнат својата диплома, согласно бројот на диплома, е според следниот распоред:

Диплома бр. Време
I циклус 3095 – 3134 18:30
I циклус 3135 – 3174 18:45
I циклус 3175 – 3218 19:00
м-р 864 – 920 19:15


Список на дипломираните и магистрираните студенти кои ќе бидат промовирани на годинешната промоција:

Список дипломирани со просек 9 и над 9 од генерацијата запишани студенти во учебната 2019/2020

Детална агенда, со цел да се запознаете со протоколот на свеченоста:

АГЕНДА

Придружба на дипломците и магистрите е дозволена.

Ве молиме да го почитувате времето и редоследот на активностите!

Ви посакуваме убава вечер.

Факултет за електротехника и информациски технологии