ФЕИТ преку Центарот за кариера а во соработка со ФСС-ФЕИТ и СТЕП УП започнува со серија на работилници, обуки и предавања. Тие се наменети за студентите со цел да им се помогне во нивниот развој и подготовка за понатамошно професионално градење како идни инженери спремни да се вклучат на пазарот на трудот.
Првата работилница се одржа во сабота, 12.02.2022 на која се обработија следните теми:
- Препознавање на личните афинитети и потреби за вработување или пракса
- Барање на соодветните можности за вработување и пракса
- Подготовка за сопствено презентирање пред потенцијалниот работодавач
- Креирање на сопствен имиџ (бренд) пред потенцијалните работодавачи
- Подготовки за поднесување на барање (апликација)
- Подготовка на куса биографија (CV) и мотивациско писмо
- Вештини за сопствено презентирање на интервју
Работилницата беше дизајнирана и приспособена врз основа на насоките и советите на врвни експерти во оваа област и врз база на долгогодишното сопствено искуство на обучувачот и се реализира со целосна интеракција со учесниците, преку низа на практични примери, вежби, симулација на реални ситуации и вклученост на сите учесници. Со тоа студентите ги унапредија своите комуникациски вештини, стратегиското размислување, истражувачките вештини, креативноста, вештините за лична презентација, активно слушање, давање повратна информација, поставување прашања и одговорите, како и невербална комуникација.
Работилницата ја водеше Дарко Петровски, м-р/МБА, обучувач, експерт и консултант за деловен менаџмент и развој на луѓе, основач на Талент бизнис инкубаторот „Степ-ап“, долгогодишен менаџер за човечки ресурси и актуелен претседател на Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР), со 15 годишно искуство во регрутирање, особено на млади таленти и повеќе од 15.000 интервјуа во текот на својата професионална кариера. Автор е на книгата Стратешки пристап кон менаџментот со таленти.