Работилницата „Ефикасност, одржливост, инженерство и уметност“

Објавено: април 26, 2023

На ден 25.04.2023 во просториите на ИНОФЕИТ се одржа работилницата „Ефикасност, одржливост, инженерство и уметност“, во организација на СКЕЕОР, а поддржано од ФЕИТ и      доц. д-р Маја Целеска Крстевска. Целта на настанот беше да се влијае кон подигнување на свесноста за значајноста на енергетската ефикасност кај нестручната јавност. Студентите кои учествуваа на работилницата, првично се пријавуваа во тимови и потоа во текот на работилницата секој тим изработи кратко информативно видео со препораки за зголемување на енергетската ефикасност преку примери од секојдневното живеење. На настанот беа пријавени пет тима: Girl UI, Green Team, Power Girls, Индекси и Скапа тарифа, а рангирано според содржината, креативноста, квалитетот на видеото и времетраењето, за победничко видео беше изгласано она на тимот Индекси. Во прилог следат неколку фотографии од атмосферата на работилницата, како и победничкото видео.