Универзитетскиот Центар за кариера на УКИМ и THRIVITY Кариерниот центар организираат обука со цел полесно и поефикасно адаптирање на студентите кои се подготвуваат за интервју за работа и кои се во потрага по нивното прво вработување.
Обуките се состојат од бесплатни интерактивни онлајн предавања, водени од професионалци во областа на човечките ресурси, во период од 13 – 19 јули 2021 и ги опфаќаат темите:
- „Прво вработување? Дознај како да се подготвиш“
- „Те повикаа на интервју? Дознај како да успееш на интервју за работа“
Предвидени се 4 модули, секој во времетраење од 120 минути , а првиот модул стартува на 13ти јули во 10 часот.
Сите заинтересирани можат да се пријават преку пополнување на потребните податоци на веб сајтот: https://thrivitycareercenter.mk/
Учесниците ќе добијат сертификат за учество од THRIVITY Кариерниот центар.
Пријави се, научи како поефикасно да го совладаш процесот на барање работа и прво вработување и како да се подготвиш за интервју.
Дознај ги сите tips & tricks за успешно интервју за вработување!