СЕРАФИМОСКИ ТЕК и ИНОФЕИТ склучија договор за креирање на платформа за дигитален близнак (Digital Twin)

Објавено: јануари 17, 2023

„СЕРАФИМОСКИ ТЕК“ ќе соработува со „ИНОФЕИТ“ за развивање на најсовремена платформа за дигитален близнак („Digital Twin“) СЕРАФИМОСКИ ТЕК и ИНОФЕИТ склучија договор за креирање на платформа за дигитален близнак ( Digital Twin), со која ќе се креираат виртуелни репрезентации од физички објект или системи. Дигитален близнак („Digital Twin“) е револуционерна технологија, која се користи кај производствените компании за мониторирање, сервисирање и оптимизација на производен процес во реално време, преку креирање на виртуелни модели. Преку симулирање на физичкиот објект во виртуелен објект на платформата, ќе може да се види како физичкиот објект ќе се однесува во реалност под различни услови на работа. Со тоа ќе дојде до предвидување на потенцијални дефекти, што доведува до намален период на застој и намалени трошоци за сервисирање.

„Нашата дигитална платформа ќе направи лесен пристап на бизнисите од било која индустрија за креирање, менаџирање и анализирање на дигитален близнак. Без разлика дали компанијата бара оптимизација на производствена линија или зголемување на енергетска ефикасност преку интегрирање на обновливи извори, платформата тоа ќе му го овозможи.“ велат од Серафимоски Тек.

“Соработката со иновативна компанија како Серафимоски Тек е одлична прилика за искористување на можностите на ИНОФЕИТ како сертифициран Дигитален иновациски хаб (ДИХ) за технологијата на дигитален близнак (сертификација добиена во рамките на ЕУ проектот CHANGE2TWIN во 2022). На овој начин вршиме трансфер на знаења кон иновативни компании и ја зајакнуваме соработката помеѓу академијата и индустријата, модел кој веруваме ќе стимулира идни иновации и соработки.“ додаваат од ИНОФЕИТ.

“Со задоволство сакаме да ја донесеме оваа иновативна технологија на нашиот пазар со помош на ИНОФЕИТ. Со нивното искуство во Digital twin технологијата и нашата посветеност за испорачување на високо квалитетни решенија, очекуваме дека платформата ќе донесе големи промени во развојот на биснисите во Балканот, како и во Европа,“ потенцираат од Серафимовски Тек.

Преземено од https://ekonomijaibiznis.mk/News.aspx?IdNews=26323