Спортска дружба по повод 65 години ФЕИТ

Објавено: јуни 17, 2024

 По повод 65 години ФЕИТ, спортското друштво при ФЕИТ-Peak2Peak организираше неколку спортски настани. Настаните се одржаа на 15 јуни 2024 (сабота). За одбележување на јубилејот, беа поканети сите поранешни и тековни студенти, како и вработените од ФЕИТ. Како главен настан беше предложено групно возење велосипеди до Јегуновци во должина од 65 km. Со оглед на предизвикот од 65 km на оваа тура имаше посетеност од околу 10тина професори и студенти.

Поголема масовност секако предизвика другиот настан, пешачење/возење велосипед до Средно Водно, на кој присуство земаа 30тина колеги.  

                   

 Двете групи се споија на Факултетот, каде беше подготвен и пригоден коктел.   Благодарност до Деканот и до сите колеги кои со убава спортска дружба го одбележаа 65 годишниот јубилеј на ФЕИТ.Во иднина посакуваме да ни се множат вакви прекрасни настани и јубилеи.

 

Спортски поздрав,

Peak2Peak