Свечено доделeни награди и пофалници на студентите со постигнат успех 9 и над 9

Објавено: јуни 20, 2022

Денес 20.06.2022, со почеток во 10 часот во Амфитеатарот на ФЕИТ беа доделени пофалници и пригодни награди на студентите кои во академската 2020/2021 постигнале просечен успех од 9 и над 9. Беа доделени вкупно 38 пофалници: со завршена 1 година и освоени најмалку 60 кредити се наградени 11 студенти, со завршена 2 година и освоени најмалку 120 кредити се наградени 18 студенти, и со завршена 3 година и освоени најмалку 180 кредити се наградени 9 студенти.
На свеченоста на студентите им се обрати Деканот проф. д-р Димитар Ташковски “Овие пофалници нека бидат поттик да продолжите и понатаму со вашиот успех и да останете дел од најдобрите, а ние секогаш ќе бидеме тука да ви овозможиме да ја продолжите приказната со знаењето кон нови предизвици, кон следен чекор на студирање, кон вработување”.