Паметните очила OCOsense со помош на Вештачка Интелигенција детектираат фацијални експресии, емоции и расположение за корисникот кои што ги носи. Иноватинвните сензори, кои што се вградени во самите очила, го следат движењето на кожата во 3 димензии, и на тој начин овозможуваат препознавање на фацијални експресии, гримаси и слично.
Овој иновативен продукт се развива од страна на англиската компанија Emteq Labs, во соработка со ФЕИТ и Дигиталниот Иновациски Хаб на ИНОФЕИТ. Поконкретно, алгоритмите за Вештачка Интелигенција и алгоритмите за напредна анализа на сензорските податоци се развиваат во тесна соработка со експерти од оваа област на ФЕИТ.