Под покровителство на министрите за надворешни работи на Република Северна Македонија и Република Бугарија, на 7.12.2022 се одржа Бизнис форум во Скопје на кој учествуваше и деканот на ФЕИТ, проф. д-р Димитар Ташковски. Во панел дискусијата тој се осврна на неколку значајни аспекти:
- Неопходност за поголема соработка помеѓу академијата и бизнис заедницата заради зголемен економски раст (над 80% од иновациите глобално доаѓаат од академската заедница)
- Потреба од инженери од различни области за развој на економијата
- Можности за соработка со ИНОФЕИТ и развој на прототипови за потребите на стопанството.
Обраќањето можете да го погледнете на линкот: