УКИМ преку својата фондација „Атанас Близнакоф“ од САД е генерален покровител на RoboMac 2024

Објавено: април 9, 2024

   

 

Со особено задоволство ве информираме дека УКИМ, преку својата фондација „Атанас Близнакоф“ од САД, комплетно застана зад организацијата на овогодинешниот RoboMac 2024 вклучувајќи го и RoboMac Junior. Препознатливоста на брендот RoboMac како и квалитетот на студентите и средношколците кои тој ги привлекува беа причина фондацијата значително да ја помогне организацијата на овогодинешната едиција на која очекуваме над 120 учесници. Изразуваме искрена благодарност за помошта до УКИМ и фондацијата „Атанас Близнакоф“ и особено нѐ радува меѓународната препознатливост на RoboMac.