Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје додели плакети за посебен придонес во развој на научноистражувачката дејност и интернационализацијата и афирмација на нашите почитувани академик проф. д-р Леонид Грчев и проф. д-р Лилјана Гавриловска.
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го одбележа Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 Ноември, кој по две пандемиски години, се одржа со физичко присуство, во аулата на Ректоратот на Универзитетот.
Традиционално, Универзитетот го одбележува Светскиот ден на науката со промоција на најдобрите научници и уметник на Универзитетот за достигнувањата реализирани во изминатата календарска година. Годинава, овој настан беше збогатен со доделување на плакета за посебен придонес во развојот на научноистражувачката дејност на Универзитетот и исклучителни достигнувања во целокупната кариерата.
Доделени се ПЛАКЕТИ ЗА ПОСЕБЕН ПРИДОНЕС ВО РАЗВОЈ НА НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКАТА ДЕЈНОСТ И ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈАТА И АФИРМАЦИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ на нашите еминенти професори:
На академик проф. д-р Леонид Грчев, редовен професор (во пензија) на Факултетот за електротехника и информациски технологии во знак на признание за посебен придонес, во категоријата:
- за исклучително достигнување во кариерата и меѓународно признаена извонредност преку застапеност во листата на Stanford Универзитетот за 2% најцитирани научници на планетата за целата кариера, заклучно со 2021.
На проф. д-р Лилјана Гавриловска, редовен професор (во пензија) на Факултетот за електротехника и информациски технологии во знак на признание за посебен придонес, во две категории:
- за исклучително достигнување во кариерата и објавени повеќе од 100 научни трудови афилирани на Универзитетот, индексирани во базата Web of Science (116 заклучно со 2021),
- за раководење на најголем број меѓународни проекти во периодот на интегриран универзитет 2009 -2021 година.