Заврши Летната школа Мултимедиски Технологии

Објавено: октомври 21, 2022

Заврши Летната школа Мултимедиски Технологии организирана од Институтот за електроника, а поддржана од ФабЛаб, се одржа во периодот од 26.09.2022 до 01.10.2022. Во рамките на активностите на школата студентите од завршните години се стекнаа со проширени теоретски и практични знаења во областите на мултимедиските технологии и машинскиот вид. Во последните денови од школата беше организиран и натпревар на тема детекција на луѓе во затворен простор, на кој студентите ги применија стекнатите знаења и се здобија со практични искуства во имплементација на длабоки невронски мрежи. За натпреварот учесниците беа поделени во пет екипи од по 2 или 3 члена и секоја екипа изработи своја верзија од детекторот на луѓе, кој потоа беше тестиран со видеоснимките снимени од сите 5 екипи. Натпреварот беше изедначен и победата неизвесна, бидејќи сите екипи вложија голем труд во изработките. Прогласувањето на победниците беше направено на 3 октомври, по што сите учесници, заедно со организаторите и предавачите беа поканети на забава и неформално дружење во едно од локалните кафулиња.

Учесниците и организаторите на Летната школа Мултимедиски Технологии

Победничката екипа на натпреварот: Анастасија Марковска, Јован Камчев, Дариа Најденовска