Златна диплома 2023 година

Објавено: септември 4, 2023

Традицијата продолжува, на свечена седница на Наставно-научниот совет ќе бидат доделени Златни дипломи по повод 50 години од дипломирањето на  инженерите по електротехника од Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Оваа година Златна диплома добиваат инженерите дипломирани  1973 година.

Ги покануваме инженерите кои диломирале 1973 година да го контактираат Организацискиот одбор на тел. 02 3099 191, или на маил адреса deans.office@feit.ukim.edu.mk .

*Датумот на одржување на свеченоста ќе биде дополнително објавен.