Врз основа на член 4 од Одлуката за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за студентите чие родителско право го врши само еден родител и критериумите за остварување на ова право за учебната 2023/2024 година (бр. 02-670/6 од 20.6.2023 година), Факултетот за електротехника и информациски технологии во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, објавува
И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С
за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2023/2024 година
- Со овој Конкурс се врши избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2023/2024 година.
- Право на учество на Огласот има секој студент кој запишал зимски семестар на прв циклус на студии во учебната 2023/2024 година, а кој има само еден родител со родителско право (во натамошниот текст – апликант), односно има:
- само еден родител запишан во изводот од матичната книга на родените, или;
- починат родител, или
- родител кој го загубил родителското право.
- Апликантите, најдоцна до 6.10.2023 година преку архивата на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје треба да достават пријава во која ќе наведат:
-
- за бруцошите: вкупен број на поени според кои, согласно Конкурсот, студентот се запишал во прва година на студии,
- за студентите од повисоките години: просечен успех од положените испити и број на стекнати кредити,
- информација за бројот на членови во семејството.
Со пријавата апликантите, во pdf – формат, ги доставуваат и следниве документи:
- потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за последната исплатена плата,
- за корисници на социјална помош се доставува последно решение/потврда од центарот за социјални работи,
- за пензионираните членови на семејството се доставува документ за висина на пензија,
- пресуда од надлежен суд со утврдена законска издршка на апликантот, која се смета како месечен приход,
- за родител на кој му е одземено родителското право – решение од надлежен суд и/или
- за починат родител – извод од матичната книга на умрените.
- Во постапката за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител Факултетот ќе изврши евалуација и проверка на веродостојноста на поднесената документација од сите пријавени кандидати (согласно члen 5 од Одлуката). Комисијата самостојно ги пресметува поените и креира ранг – листа за секоја студиска програма и за секоја студиска година поодделно. Ранг – листите се објавуваат на интернет страницата на Факултетот најдоцна до 13.10.2023 година.
- Апликантите имаат право на приговор по објавените ранг – листи најдоцна до 20.10.2023 година. Комисијата на единицата ќе ги разгледа и ќе одговори на приговорите во рок од 5 работни дена. Доколку се утврди дека некој апликант поднел документација која не е веродостојна, истиот се симнува од ранг – листата. Прворангираните кандидати од секоја листа ја сочинуваат Конечната ранг – листа на добитници на погодноста за намалување на уписнината за единицата.
- Конечната ранг-листа Комисијата ја објавува најдоцна до 27.10.2023 година.
Од ФЕИТ