Рок за аплицирање до 1.10.2019
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА 103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за индивидуална мобилност за студенти и наставен кадар.
Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата во 3 примерока до Еразмус+ координаторот на ФЕИТ проф д-р Маргарита Гиновска, најдоцна до 1 октомври 2019 година.
Повеќе информации и потребните документи се дадени на следниот линк www.ukim.edu.mk/меѓународна соработка/ЕРАЗМУС+
УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ
објавува
КОНКУРС
ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+
АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ И НАСТАВЕН КАДАР
за летниот семестар во академската 2019/2020 година
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ K103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.
За размена на додипломско ниво, право на пријавување имаат само редовни студенти со завршена прва година на студии.
Времетраење на мобилноста за студенти: еден семестaр (летен семестар).
Времетраење на мобилноста на наставниот кадар: 1 недела (до 5 работни денови).
Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу УКИМ и ЕУ универзитетите. (Види листа на Еразмус+ договори)
1. Потребни документи за мобилност на студенти:
Сите документи за аплицирање се достапни на интернет-страната на Универзитетот www.ukim.edu.mk/меѓународна соработка/ЕРАЗМУС+или интернет-страната на факултетот:
- пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
- договор за студирање (Learning Agreement) во кој се утврдува програмата за студирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус+ координаторот и факултетот во странство (минимум 20 ЕКТС- максимум 30ЕКТС);
- уверение за положени испити на македонски јазик;
- најмалку една препорака;
- уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ универзитетот издадена од признат центар/школа за странски јазици;
- уверение за редовен студент- запишан семестар/година (на македонски јазик);
- кратка биографија (Europass model).
Висината на стипендијата за студентите изнесува 470-520 ЕУР месечно, согласно земјата во која се престојува (Види листа на интернет-страната на Универзитетот.
Патните трошоци и здравственото осигурување ги покриваат лично студентите.
2. Потребни документи за мобилност на наставен кадар:
мобилност за наставeн ангажман (teaching):
- (Staff Application Form) ;
- (Staff Mobility Agreement for Teaching) ;
- покана (Letter of invitation) од страна на Универзитетот- домаќин;
- кратка биографија (Europass model).
мобилност за обука (training) :
- (Staff Application Form);
- (Staff Mobility Agreement for Training) ;
- покана (Letter of invitation) од страна на Универзитетот- домаќин;
- кратка биографија (Europass model).
Селекцијата/рангирањето на кандидатите ја прави факултетот согласно со утврдените критериуми: академскиот успех, познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата, мотивација.
При одлучувањето, предност ќе имаат кандидатите кои аплицираат за првпат и досега не користеле Еразмус+ стипендија.
Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата во три примерока до Еразмус+ координаторот на факултетот каде студираат, најдоцна до 1 октомври 2019.
(Еден примерок за Еразмус+ коррдинаторот, еден примерок задржува студентот и еден примерок се доставува до Ректоратот на УКИМ)
(Види листа на Еразмус+ координатори по факултети).
Краен рок за поднесување на рангираните апликации од страна на факултетите до Ректоратот е 5 октомври 2019.