ЛОСТ – Проект за стипендирање на студенти од семејства со ниски месечни приходи

Објавено: ноември 16, 2021

 

ЕВН Македонија АД, Скопје распишува конкурс за доделување стипендии за студенти од енергетските насоки, чиј вкупен нето приход на семејството (родители/старатели и кандидатот) за 2020 година по сите основи не надминува 500.000,00 денари.

Ќе бидат доделени 2 (две) стипендии на студенти кои во учебната 2021/2022 се запишале по прв пат во I, II, III и IV година на енергетските насоки на Факултетот за Електротехника и информациски технологии при УКИМ, Техничкиот Факултет – Битола и Електротехнички факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип

Стипендијата е во висина од 8.000,00 денари месечно и се доделува за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од исполнувањето на обврските пропишани во Договорот за стипендирање.

Обврски на корисникот на стипендијата:

  • Студиската година да ја заврши во рок
  • Да има положено најмалку 70% од испитите од претходната година за продолжување на стипендијата
  • Да извршува пракса во траење од најмалку 30 дена во текот на годината во ЕВН Македонија АД Скопје, односно во Друштвата во кои ЕВН Македонија е единствен содружник и основач

 Потребни документи за аплицирање:

  • Кратка биографија
  • Потврда за редовeн студент запишан во зимски семестар за студиската 2021/2022
  • Уверение/потврда од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година за двајцата родители – старатели на кандидатот, поединечно и за самиот кандидат
  • Изјава дека не сте корисник на стипендија или кредит од друга институција, организација или компанија
  • Изјава за согласност за обработка и користење на сопствените лични податоци и податоците од неговото потесно семејство за цели на стипендијата
  • Есеј на тема „Мојата иднина како електро-инженер“

Сите потребни документи испратeтe ги на stipendii@evn.mk  со назнака во subject: за стипендија, најдоцна до 25.11.2021