ЛОСТ – Проект за стипендирање на студенти од семејства со ниски приходи

Последна измена: декември 19, 2024

ЕВН Македонија АД, Скопје распишува конкурс за доделување 10 стипендии за студенти од семејства со ниски приходи

Стипендијата е во висина од 10.000,00 денари месечно и се доделува за 10 (десет) месеци, почнувајќи од 01.10.2024 заклучно со 31.07.2025, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од исполнувањето на обврските пропишани во Договорот за стипендирање.

Кој може да аплицира:

  • Студенти од електротехничките факултети кои во учебната 2024/2025, зимски семестар, се запишале по прв пат во I, II, III и IV година,
  • Студентите да се од семејство со ниски месечни приходи (во рамките на семејството, родители/старатели и кандидатот за 2023 година по сите основи да не се надминува бруто износ од 800.448,00 денари годишно и
  • Студенти кои не се корисници на друга стипендија или кредит;

Потребни документи за аплицирање:

  • Кратка биографија – CV
  • Потврда за редовeн студент запишан во зимски семестар за студиската 2024/2025
  • Потврда/уверение од факултет за 70% положени испити , освен за студентите кои се запишани во прва година
  • Уверение/потврда од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по сите основи за претходната година за двајцата родители/старатели на кандидатот поединечно и за самиот кандидат
  • Изјава дека не сте корисник на стипендија или кредит од друга институција, организација или компанија
  • Изјава за согласност за обработка и користење на сопствените лични податоци и податоците од неговото потесно семејство за цели на стипендијата.

Начин и рок за аплицирање:

  • Сите потребни документи испратeтe ги на esg@evn.mk со назнака во subject: за стипендија ЛОСТ
  • Рок за аплицирање до 31.12.2024
  • Нецелосните апликации и апликациите пристиганти по крајниот рок нема да бидат прифатени

Информации за процесот на селекција:

  • Сите кандидати и кандидатки кои ги исполнуваат условите ќе бидат поканети на интервју.
  • Податоците на апликантите се третираат доверливо
  • По извршениот избор, апликантите ќе бидат известени по е-маил за резултатите

Обврски на корисникот на стипендијата:

  • Студиската година да ја заврши во предвидениот рок.
  • Да има положено најмалку 70% од испитите од претходната година за продолжување на стипендијата
  • Да извршува пракса во траење од најмалку 30 дена во текот на годината во ЕВН Македонија АД Скопје,односно во Друштвата во кои ЕВН Македонија е единствен содружник и основач

Напомена: Во случај на утврдување на неточни податоци, доставени од страна на апликантот / стипендистот, ќе дојде до прекин на стипендирањето и враќање на веќе доделените средства.

Повеќе информации за начинот на обработка на личните податоци и остварување на Вашите правата за заштита на лични податоци можете да добиете во Политиката на приватност при аплицирање за стипендија, објавена на веб страната на ЕВН.

ЕВН Македонија е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при селекција без оглед на расата, полот, религијата, националната припадност, вид на попреченост или политичка припадност на кадидатот и кандидатките.