Врз основа на Меморандумот за соработка потпишан помеѓу Универзитетот Св. Кирил и Методиј и ОКТА АД – Скопје, на 31.08.2023, Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје распишува
ОГЛАС
за доделување стипендија на редовни студенти запишани на последна година од прв циклус студии
ОКТА АД – Скопје, (во натамошниот текст: ОКТА) доделува стипендија на редовни студентите кои во учебната 2023/2024 година првпат се запишуваат на последна година од прв циклус студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје, на една од следните студиски програми:
- Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија;
- Електроенергетика и проектен менаџмент;
- Електроенергетски системи;
- Компјутерски технологии и инженерство
I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:
- Да има запишано последна година студии на една од погоре наведените студиски програми со постигнат просечен успех од најмалку 8.0;
- Да не повторувале година во текот на студирањето
- Да поседува сертификат како доказ за активно познавање англиски јазик;
- Да не е корисник на стипендија од други установи, институции или компании;
- Да е државјанин на Република Северна Македонија;
- Предност ќе имаат кандидати кои не се во редовен работен однос.
- Учеството во дополнителни вонкурикулумски активности како учество на студентски конгреси, проекти и други активности, ќе се смета за предност
II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
- Пријава
- Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2023/2024 година
- Уверение за положени испити од претходните години
- Изјава на кандидатот дека не е корисник на стипендија од други установи, институции или компании
- Уверение – потврда за активно познавање англиски јазик
- CV на македонски јазик.
III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА
Стипендијата е во висина од 1200 ЕУР и истата е распределена на 12 еднакви месечни надоместоци од по 100 ЕУР.
IV. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Крајниот рок за пријавување на кандидатите за користење на стипендија за последна година од прв циклус студии 25.10.2023 година. Документите за аплицирање за една од петте стипендии треба да се испратат на следните меил адреси: jcvetkovska@helpe.gr и mstavreva@helpe.gr
Кандидатите ќе биде избрани од страна на Комисија составена од претставници на ОКТА и претставници на УКИМ. За кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе биде организирано интервју.
Контакт лице за дополнителни информации:
Јулија Цветковска
T: +389 (0) 2 2532 565|М: +389 (0) 70 354 951 | www.okta-elpe.com | JCvetkovska@helpe.gr