Прелиминарна листа на пријавени кандидати – прв циклус – прв уписен рок 2026/2027

Објавено: август 24, 2026

Прелиминарната листа на пријавени кандидати на Факултетот за електротехника и информациски технологии за уписите во првиот уписен рок за учебната 2026/2027 година е објавена на веб страницата на факултетот. 

Прелиминарната листа ги прикажува следните информации од пријавата на секој од кандидатите: ИД бројот од системот за уписи (iknow), првиот избор на студиска програма, согласност за кофинансирање од кандидатот (да/не), редослед на останатите избрани студиски програми подредени според приоритет на изборот на кандидатот и поените од успехот од средното образование.

По објавувањето на прелиминарната листа на пријавени кандидати, кандидатот има право на приговор во рок од 24 часа. Приговорите се доставуваат до Конкурсната комисија на ФЕИТ преку iKnow системот или преку архивата на факултетот до 25.8.2026 година, најдоцна до 14:00 часот. Во спротивно, кандидатот го губи право­то на приговор во натамошната постапка во поглед на објавените резултати. Приговорот се однесува само на технички пропусти. Одлуките по приговорите се објавуваат на веб страницата факултетот.

Конкурсна комисија на ФЕИТ