Пријавување испити на прв циклус студии во јунската испитна сесија ќе се врши електронски, преку системот iKnow, во периодот од
20.5. до 3.6.2022 година,
следејќи го Корисничкото упатство за студенти, точка 2.5.
Студентите што ќе извршат уредно електронско пријавување на испитот во iKnow системот, задолжително треба да достават и комплетно пополнета хартиена пријава.
Во пријавата се внесуваат податоците за студентот, целото име на предметот, предметниот наставник, испитниот рок во кој се пријавува испитот, студиската програма (ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ).
Уредно пополнетата хартиена пријава се остава во испитната тетратка. Студентите кои испитот го положиле на колоквиум пополнетата хартиена пријава задолжително ја оставаат во сандачето на предметниот професор.
Студентите кои нема да достават пополнета хартиена пријава, оценката нема да им биде евидентира во iKnow системот.
НАПОМЕНА: По овој рок студентите може да пријават испит во Одделението за студентски прашања со надомест од 400,00 ден. најдоцна до два дена пред одржување на испитот.
Скопје, 16.5.2022 година
Одделение за студентски прашања на ФЕИТ