Пријавување испити – септемвриска испитна сесија – прв циклус студии

Објавено: јуни 30, 2026

Пријавување испити на прв циклус студии во август – септемвриска испитна сесија  2026 ќе се врши електронски, преку системот iKnow, во периодот од

1.7.2026  ̶  21.8.2026

следејќи го Корисничкото упатство за студенти, точка 2.5.

Студентите што ќе извршат уредно електронско пријавување на испитот во iKnow системот, задолжително треба да достават и комплетно пополнета хартиена пријава.

Во пријавата се внесуваат податоците за студентот, целото име на предметот, предметниот наставник, испитниот рок во кој се пријавува испитот, студиската програма (ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ/ЕЕПМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ).

Уредно пополнетата хартиена пријава се остава во испитната тетратка. 

На студентите кои нема да достават пополнета хартиена пријава, оценката нема да им биде евидентира во iKnow системот.

НАПОМЕНА: По овој рок студентите може да пријават испит во Одделението за студентски прашања со надомест од 1000,00 ден. најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

 

 

                                                                                                               ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА