Пријавување на кандидати на прв циклус студии во вториот уписен рок 2023/2024

Објавено: септември 15, 2023

Доставувањето на документи за пријавување на кандидатите за упис на Факултетот за електротехника и информациски технологии во учебната 2023/2024 година во вториот уписен рок ќе се врши на 18.9. – 19.9.2023 во Одделението за студентски прашања (трет кат) од 8.30 до 12 часот.

Број на слободни места за запишување во вториот уписен рок во учебната 2023/2024 година:

Студиска програма Државна квота Квота со школарина
Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија 35 30
Електроенергетски системи 56 10
Електроенергетика и проектен менаџмент 53 10
Компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика 5 30
Компјутерски технологии и инженерство 8 30
Компјутерско хардверско инженерство и електроника 51 10
Телекомуникации и информациско инженерство 48 10


Пред пријавувањето, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk (iKnow системот веќе е отворен за пријавување). Секој кандидат треба да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

  • Пријавен лист (Образец за пријавување А1 – се купува во книжарницата на факултетот)
  • Електронска пријава
      1. Универзитетски пријавен лист и
      2. Интерен пријавен лист
    (Двете пријави се печатат од iknow системот и се потпишуваат).
  • Уплатница за административна такса од 50 денари
  • Оригинални свидетелства од сите класови
  • Документ за положена државна матура (Оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  • Извод од матична книга на родените (оригинал и копија) 
  • Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
  • Уплатница за уплатени 300 денари на жиро сметка на Факултетот за електротехника и информациски технологии
  • Изјава за национална припадност (се приложува само ако во свидетелствата и дипломите не е наведена националната припадност и се печати и од iknow системот)
  • Изјава за согласност за лични податоци (се печати и од iknow системот)

Се замолуваат сите кандидати да си направат копии од сите документи за лични потреби до завршување на уписната постапка кога истите ќе им бидат вратени.

Запишувањето на примените кандидати ќе се врши на 26.9.2023 година во Одделението за студентски прашања од 8.30 – 12 часот. (потребни документи за запишување)

Упатство за електронско пријавување

Пред поднесувањето на документи за упис, кандидатите ЗАДОЛЖИТЕЛНО ги пополнувааат податоците ЕЛЕКТРОНСКИ преку online Порталот за идни студенти на универзитетот УКИМ www.upisi.ukim.mk.

Најпрво треба да отворите кориснички профил следeјќи го линкот „Регистрирај се“, дури и ако сте се регистрирале во минатите уписни рокови, бидејќи корисничките имиња се избришани. Откако еднаш ќе отворите кориснички профил, следниот пат употребете го своето корисничко име и лозинка за да се најавите на системот – не отварајте нов профил.

Порталот овозможува автоматско генерирање на дел од потребните документи: интерен пријавен лист, универзитетски пријавен лист, изјава за национална припадност, изјава за неподигање на документи и преглед на пополнета уплатница, врз база на внесените податоци на кандидатот.