Пријавување на кандидатите во вториот уписен рок 2026/2027

Објавено: септември 9, 2026

Пред доставување на потребните документите, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од  iKnow-системот (системот е веќе отворен) .

Идентификацискиот број, којшто кандидатот автоматски го добива од системот при електронското пријавување, треба да се внесе и во пријавата (А1 Образецот) што се поднесува при пријавувањето. Дел од потребните документи се генерираат автоматски од системот iKnow.

Доставувањето на потребните документи за пријавување на кандидатите за упис на прв циклус студии во вториот уписен рок во учебната 2026/2027 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе се врши на шалтерите на Одделенито за студентски прашања на ФЕИТ од 12:00 до 15:00 часот на 10.9. и 11.9.2026 година.

Потребни документи за пријавување:

  • Пријавен лист А1 образец (се купува од книжарницата на Факултетот, а и од секоја друга книжарница),
  • Електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk) – универзитетски пријавен лист и интерен лист (се печати од iKnow системот),
  • Оригинал диплома за завршено средно образование,
  • Оригинал свидетелства за секоја завршена година во средно образование,
  • Оригинал и копија извод од матичната книга на родените (не мора да е понов од 6 месеци и треба да биде со официјалното име на државата),
  • Оригинал уверение за државјанство,
  • Изјава за користење лични податоци (се печати од електронската пријава),
  • Потврда за уплатa:
    – Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00),
    – 300 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата.