С О О П Ш Т Е Н И Е – eлектронски упис на зимски семестар во учебната 2022/2023 за студентите запишани по првпат во прва студиска година

Објавено: септември 28, 2022

Сите студенти запишани по првпат во прва студиска година (бруцоши) треба да извршат и електронско запишување на зимскиот семестар во учебната 2022/2023 година во iKnow системот  и внесување на предметите кои ќе се слушаат во овој семестар (тоа се предметите кои се запишани на Образецот А3) најдоцна до 30.09.2022 година

Во упатството за студенти имате подетално објаснување околу електронското запишување на семестар во iKnow системот.

Студентите кои во дадениот рок нема да го реализираат електронското запишување, истото ќе можат да го направат по истечениот рок во Одделението за студентски прашања со финансиски надомест.

 

Одделение за студентски прашања на ФЕИТ