Пријавување испити на прв циклус студии во јунската испитна сесија ќе се врши електронски, преку системот iKnow, во периодот од
20.5. до 3.6.2021 година,
следејќи го Корисничкото упатство за студенти, точка 2.5.
Студентите што ќе извршат уредно електронско пријавување на испитот во системот iKnow, задолжително треба да достават и комплетно пополнета хартиена пријава.
Во пријавата се внесуваат податоците за студентот, целото име на предметот, предметниот наставник, испитниот рок во кој се пријавува испитот, студиската програма (ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ).
Уредно пополнетите пријави се оставаат во испитната тетратка по завршување на испитот, ако испитот/вториот колоквиум се полага со физичко присуство, или се оставаат во сандачето на предметниот наставник, ако испитот/вториот колоквиум се полага online. Студентите што го положиле првиот колоквиум, на вториот колоквиум задолжително носат пријава, а доколку не го положат вториот колоквиум, предметниот наставник ќе треба да ја зачува истата пријава за јунската испитна сесија. На студентите кои нема да достават пополнета пријава, оценката нема да им се евидентира во системот iKnow.
НАПОМЕНА: По овој рок студентите може да пријават испит во Одделението за студентски прашања со надомест од 400,00 ден. најдоцна до два дена пред одржување на испитот.
Скопје, 20.5.2021 година
ОД ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА