СООПШТЕНИЕ – промена на студиска програма во учебната 2024/2025 година

Објавено: септември 10, 2024

Студентите кои сакаат да извршат промена на студиска програма во учебната 2024/2025 година  согласно Одлуката за промена на студиска програма , молбата за префрлање со 50 ден. административна такса ја поднесуваат во периодот од 16.9. – 20.9.2024  година преку  Студентската архива (трет кат, Одделение за студентски прашања).

По завршувањето на рокот за предавање на молбите, ќе биде објавена конечна ранг листа, врз основа на која ќе се врши уписот на зимскиот семестар 2024/2025. Студентот има обврска да достави уплата во висина од 2000 ден. на жиро сметка на ФЕИТ со цел на дознака: промена на студиска програма.

 

Од Одделение за студентски прашања на ФЕИТ