Запишувањето на новите студенти во првиот уписен рок на ФЕИТ ќе се спроведе на
10. и 13.9.2021 година
во просториите на ФЕИТ во период од 8:30 до 14:30 часот.
Заради почитување на здравствените протоколи, за доставување на документите за упис, секој кандидат задолжително треба да закаже термин преку следниов линк:
https://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk/mod/scheduler/view.php?id=11813
При најавувањето, во полето корисничко име, кандидатот ја внесува e-mail адресата која ја користел при електронскиото најавување во системот iКnow.
Иницијалната лозинка е матичниот број на кандидатот. (упатство за пријавување)
Се избира еден од понудените термини помеѓу 8:30 и 14:30 часот на 10.9. и 13.9.2021 година.
Во избраниот термин студентот ќе може да ги достави комплетните документи на јасно означените приемни места во просториите на ФЕИТ.
На денот на доставување на документите, пожелно е да пристигнете 10 минути пред закажаниот термин во дворот на Факултетот. Во просториите на Факултетот се овозможува влез на ограничен број кандидати, а за предавање на документите се дозволува влез само на кандидатот, но не и на неговиот придружник (освен во случаи кога се работи за кандидати на кои им е потребна асистенција во установата).
Ве молиме да избегнувате создавање турканици и непотребно задржување во просториите на Факултетот и задолжително да ги почитувате мерките и препораки за заштита и превенција од COVID-19:
Во просториите на Факултетот е задолжително носењето заштитна опрема (маска, марама) која ги покрива устата и носот.
При влез и излез од објектот задолжително се врши дезинфекција на рацете.
Пoтребно е одржување на потребното растојание меѓу кандидатите од минимум 2 метри во дворот и во објектот на ФЕИТ.
Во случај на технички проблеми поврзани со закажувањето термин, обратете се на следниов e-mail:
e-admin@feit.ukim.edu.mk.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ
ВО УЧЕБНАТА 2021/2022
1. | Индекс | |
2. | Студентска легитимација | |
3. | Три фотографии: две со димензии 3,5 х 4,5 cm, една со димензии 2 х 3 cm | |
4. | Образец A3 за запишување на семестар ,истиот треба да биде комплетно пополнет (пример за пополнување на документот) | |
5. | Договор за студирање на ФЕИТ (се добива на денот на упис) | |
6. | Единечен лист (статистички) за запишување во 2021/2022 учебна година (ВОИ-20) | |
7. | Потврда за уплатени 750,00 ден. За информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје со назнака: ИКСА на УКИМ – ФЕИТ:
|
|
8. | Потврда за уплатени 1400,00 ден. На жиро сметка на ФЕИТ со назнака за материјални трошоци во I семестар:
Напомена: Сумата претставува збир од следниве обврски: 200,00 ден. – тетратки за испит; 150,00 ден. – обнова на книжен фонд; 100,00 ден. – солидарна одговорност за штети; 100,00 ден. – осигурување на студентите; 100,00 ден. – уверенија за редовност; 650,00 – материјали и опрема за лабораториски вежби; 100,00 ден. – информатор. |
|
9. | ЗА СТУДЕНТИ ВО ДРЖАВНА КВОТА
Потврда за уплатени 6.150,00 ден*. (прва рата од 200 eвра) на жиро сметка на ФЕИТ:
|
ЗА СТУДЕНТИ ВО КВОТА СО КОФИНАНСИРАЊЕ
Потврда за уплатени 12.300,00 ден*. (прва рата од 400 eвра) на жиро сметка на ФЕИТ:
|
Покрај овие документи за упис на Факултетот, примените кандидати треба да ги достават и сите документи од пријавувањето кои беа испратени во електронска форма.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ОД ПРИЈАВУВАЊЕТО
- Пријава за запишување (образец А1)
- Aдминистративна такса од 50 денари
- Оригинални свидетелства од сите класови*
- Документ за положена државна матура (Оригинална диплома за завршено средно образование)*
- Извод од матична книга на родените (оригинал) + копија од извод од матична книга на родените
- Доказ за државјанство на Р. Македонија (уверение или решение)
- Уплатница за уплатени 300 денари на жиро сметка на Факултетот за електротехника и информациски технологии
- Интерен пријавен лист и универзитетски пријавен лист (испечатен од електронската пријава – Iknow)
- Изјава за национална припадност (се приложува само ако во свидетелствата и дипломите не е наведена националната припадност) (се печати од електронската пријава)
- Дипломи што евентуално биле освоени во текот на средното образование согласно точка 3 од одлуката за Стипендии за идните студенти на ФЕИТ (доставуваат само примените кандидати кои добиле стипендија).
- Изјава за неподигање документи
- Изјава за користење лични податоци
- Изјава за веродостојност и точност на приложените скенирани документи
- Изјава за неконкурирање на друг универзитет
*) Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, се препорачува кандидатите претходно да направат копии од своите документи заверени на нотар.
Информација за запишување на зимски семестар 2021/2022 (електронско запишување во iknow системот)
Студентите по прв пат запишани на прв циклус студии во учебната 2021/2022, потребно е да извршат и електронско запишување на семестарот во iknow системот, како и предметите кои ќе ги слушаат во првиот семестар. Тоа ќе можат да го направат откако ќе бидат внесени во системот и ќе добијат број на индекс. Наскоро ќе добијат порака по mail, а воедно ќе се објави и соопштение на web страната.
Скопје, 7.9.2021 Конкурсна комисија на ФЕИТ