Соопштение за новите студенти – втор уписен рок 2021

Објавено: септември 27, 2021

Запишувањето на новите студенти во вториот уписен рок на ФЕИТ ќе се спроведе на

27.9.2021 година

пред читалната на ФЕИТ од 12:30 до 14:00 часот.

 Во просториите на Факултетот се овозможува влез на ограничен број кандидати, а за предавање на документите се дозволува влез само на кандидатот, но не и на неговиот придружник (освен во случаи кога се работи за кандидати на кои им е потребна асистенција во установата).
Ве молиме да избегнувате создавање турканици и непотребно задржување во просториите на Факултетот и задолжително да ги почитувате мерките и препораки за заштита и превенција од COVID-19:
Во просториите на Факултетот е задолжително носењето заштитна опрема (маска, марама) која ги покрива устата и носот.
При влез и излез од објектот задолжително се врши дезинфекција на рацете.
Пoтребно е одржување на потребното растојание меѓу кандидатите од минимум 2 метри во дворот и во објектот на ФЕИТ.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ

ВО УЧЕБНАТА 2021/2022

1. Индекс
2. Студентска легитимација
3. Три фотографии: две со димензии 3,5 х 4,5 cm, една со димензии 2 х 3 cm
4. Образец A3 за запишување на семестар ,истиот треба да биде комплетно пополнет (пример за пополнување на документот)
5. Договор за студирање на ФЕИТ (се добива на денот на упис)
6. Единечен лист (статистички) за запишување во 2021/2022 учебна година (ВОИ-20)
7. Потврда за уплатени 750,00 ден. За информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје со назнака: ИКСА на УКИМ – ФЕИТ:

  • Жиро сметка: 160010368978818
  • Депонент: НБРМ
  • Трезорска сметка: 100000000063095
  • Повикување на број: 723012, програма 41
8. Потврда за уплатени 1400,00 ден. На жиро сметка на ФЕИТ со назнака за материјални трошоци во I семестар:

  • Трезорска сметка: 100000000063095
  • Трезорска подсметка: 160010428678814
  • Повикување на број 723012, програма 41
  • Депонент: НБРМ
  • Со назнака: трошоци за упис

Напомена: Сумата претставува збир од следниве обврски: 200,00 ден. – тетратки за испит; 150,00 ден. – обнова на книжен фонд; 100,00 ден. – солидарна одговорност за штети; 100,00 ден. – осигурување на студентите; 100,00 ден. – уверенија за редовност; 650,00 – материјали и опрема за лабораториски вежби; 100,00 ден. – информатор.

9. ЗА СТУДЕНТИ ВО ДРЖАВНА КВОТА

Потврда за уплатени 6.150,00 ден*. (прва рата од 200 eвра) на жиро сметка на ФЕИТ:

  • Трезорска сметка: 100000000063095
  • Трезорска подсметка: 160010428678814
  • Повикување на број: 723012, програма 41
  • Депонент: НБРМ
  • Со назнака: Партиципација за упис на ФЕИТ
ЗА СТУДЕНТИ ВО КВОТА СО КОФИНАНСИРАЊЕ

Потврда за уплатени 12.300,00 ден*. (прва рата од 400 eвра) на жиро сметка на ФЕИТ:

  • Трезорска сметка: 100000000063095
  • Трезорска подсметка: 160010428678814
  • Повикување на број: 723012, програма 41
  • Депонент: НБРМ
  • Со назнака: Школарина за упис на ФЕИТ

 

Покрај овие документи за упис на Факултетот, примените кандидати треба да ги достават и сите документи од пријавувањето кои беа испратени во електронска форма.

                                                           ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ОД ПРИЈАВУВАЊЕТО

*) Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, се препорачува кандидатите претходно да направат копии од своите документи заверени на нотар.

Информација за запишување на зимски семестар 2021/2022 (електронско запишување во iknow системот)

   Студентите по прв пат запишани на прв циклус студии во учебната 2021/2022, потребно е да извршат и  електронско запишување на семестарот во iknow системот, како и предметите кои ќе ги слушаат во првиот семестар. Тоа ќе можат да го направат откако ќе бидат внесени во системот и ќе добијат број на индекс. Наскоро ќе добијат порака по mail, а воедно ќе се објави и соопштение на web страната.

 

Скопје, 27.9.2021                                                                                                                                   Конкурсна комисија на ФЕИТ