Согласно академскиот календар за учебната 2021/2022 година, дополнителната ден сесија за предметите од летниот/парен семестар ќе се одржи во среда, 9.2.2022 година.
Студентите може да пријават само еден предмет што го слушале во летниот семестар во учебната 2020/2021 година и за кој ги реализирале сите академски обврски (потпис и заверен семестар).
Пријавувањето на испитот за дополнителната сесија студентите може да го реализираат со најавување на порталот e-Kursevi на следниов линк:
https://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk/mod/quiz/view.php?id=24126
во периодот од 00:00 часот на 3.2.2022 до 12:00 часот на 8.2.2022. Од паѓачкото мени се избира предметот што се пријавува, а во соодветното поле се прикачува скенираната уплатница за извршена уплата од 1200,00 денари на факултетската жиро сметка, со цел на дознака – дополнителна ден сесија (упатство).
За предметите кои во дополнителната сесија ќе се полагаат со физичко присуство, пополнетата пријава за испит, заедно со прикачената уплатница се остава во испитната тетратка. За испитите кои во дополнителната сесија ќе се полагаат online, пополнетата пријава за испит, заедно со прикачената уплатница се остава во сандачето на предметниот професор, под скалите на приземјето на Факултетот.
Скопје, 2.2.2022 година
Одделение за студентски прашања на ФЕИТ