Соопштение за организирање на дополнителна ден сесија

Објавено: септември 9, 2022

Согласно академскиот календар за учебната 2021/2022 година, дополнителната ден сесија за предметите од зимскиот/непарен семестар ќе се одржи во среда, 14.9.2022 година.
Студентите може да пријават само еден предмет што го слушале во зимскиот семестар во учебната 2021/2022 година и за кој ги реализирале сите академски обврски (потпис и заверен семестар).
Пријавувањето на испитот за дополнителната сесија студентите може да го реализираат со најавување на порталот e-Kursevi на следниов линк:

https://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk/mod/quiz/view.php?id=26747

во периодот од 9:00 часот на 9.9.2022 до 12:00 часот на 13.9.2022. Од паѓачкото мени се избира предметот што се пријавува, а во соодветното поле се прикачува скенираната уплатница за извршена уплата од 1200,00 денари на факултетската жиро сметка, со цел на дознака – дополнителна ден сесија (упатство).
Пополнетата пријава за испит, заедно со прикачената уплатница задолжително се остава во испитната тетратка.

 

Скопје, 9.9.2022 година

Одделение за студентски прашања на ФЕИТ