Соопштение за почеток на настава

Објавено: септември 30, 2021

Наставата во зимскиот семестар од учебната 2021/2022 година на ФЕИТ ќе започне во понеделник,  на 4.10.2021 година.
За студентите запишани во III, V и VII семестар наставата  ќе се одвива online преку платформата Zoom, според распоредот на часови што ќе биде објавен на веб страницата на факултетот. Дел од лабораториските вежби ќе се реализираат со физичко присуство во факултетските лаборатории, за што студентите ќе добијат информации од предметните наставници.