СООПШТЕНИЕ за упис на зимски семестар 2021/2022 и заверка на летен семeстар 2020/2021

Објавено: септември 7, 2021

Запишувањето на зимскиот семестар во учебната 2021/2022 година, како и одложената заверката на летниот семестар во учебната 2020/2021 година (заради настанатата состојба поврзана со корона вирусот COVID-19) за студентите запишани на прв циклус студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скоп­­­је, ќе ги содржи следниве чекори:

  1. Електронско пријавување од 14.9. до 24.9.2021 година до 10 часот.

Во системот iKnow www.iknow.ukim.edu.mk секој студент треба да го запише зимскиот семетар 2021/2022 и да ги избере соодветните предмети.

  1. Резервирање термин за доставување на документите од 9.9. до 19.9.2021 година.

На порталот е-Курсеви, во Виртуелни училници, во курсот Студентска служба/Запишување зимски семестар 2021, креирана е активност Закажување термин (упатство за користење на активноста), преку која секој студент задолжително треба да избере термин помеѓу 11 и 14:30 часот во наведените денови. Во овој термин студентот ќе може да ги доста­ви комплетните документи на шалтерите на Одделението за студентски прашања. Студентите се замолуваат за придржување на точно закажаниот термин и почитување на препораките за заштита и превенција од COVID-19.

  1. Доставување на документите од 20.9. до 1.10.2021 година

Комплетните документи студентот ги доставува на шалтерите на Одделението за студентски прашања во резервираниот термин.

Студентите кои нема да ги почитуваат предвидените рокови уписот на семестарот ќе можат да го реализираат со поднесување молба за задоцнет упис и надомест согласно ценовникот на ФЕИТ.

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Потребни документи за запишување зимски семестар и заверка на летен семестар:

  1. Индекс (во индексот да бидат впишани предметите кои се слушале во летниот семестар)
  2. Образец А3 за запишување семестар;
  3. Статистички лист за учебната 2021/2022 год (ВОИ-20);
  4. Образец А4 за заверка на семестар (во образецот да бидат впишани предметите кои се слушале во летниот семестар исто така во iKnow предметниот наставник да го има доделено потписот);
  5. За следење на процесот на самоевалуација на ФЕИТ, студентите се должни да пополнат анонимна електронска анкета за наставата во изминатиот семестар. Електронската анкета се пополнува на адресата http://anketa.feit.ukim.edu.mk/ и ќе биде достапна од 9.9.2021 година.
  6. Интерен пријавен лист со предмети – истиот се пополнува и печати при електронското пријавување на iknow.ukim.edu.mk;
  7. Уплата за партиципација (државна или квота со кофинансирање) на жиро сметка на Факултетот (види „Финансиски обврски“, страна 4 од Соопштението):
    • Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии
    • Депонент: НБРМ
    • Tрезорска сметка: 100000000063095
    • Трезорска подсметка: 160010428678814
    • Повикување на број: 723012, програма 41
    • Цел на дознака: Партиципација за државна/кофинансирање за XY кредити
  8. Уплатница во вкупен износ од 1300,00 на истата жиро сметката (на ФЕИТ), со цел на дознака: Материјални трошоци. Овој износ се однесува за: тетратки за испити/колоквиуми 200,00 ден., обнова на книжен фонд 150,00 ден., солидарна одго­ворност 100,00 ден., колективно осигурување 100,00 ден., уверенија за редовност 100,00 ден. и материјали и опрема за лабораториски вежби и развој на компјутерска мрежа 650,00 ден.
  9. Уплатница во износ од 750,00 ден. за Примач: УКИМ – за ИКСА, ФЕИТ,

Банка: НБРМ, жиро с-ка: 100000000063095,

сметка за буџетски корисник: 1600103689 788 18, приходна шифра: 723012 41.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ПОВРЗАНИ

СО ЗАПИШУВAЊЕТО ЗИМСКИ СЕМЕСТАР 

Правила за запишување

  1. Секој студент што запишува зимски семестар е должен да изврши избор на предмети што ќе ги слуша во зимскиот семестар според следните правила:
  • По правило студентот во секој семестар запишува предмети до најмногу 35 кредити;
  • При запишувањето на семестарот студентот најпрво ги запишува неположените задолжителни предмети од претходниот зимски семестар, потоа задолжителните предмети од тековниот семестар и на крај, изборните предмети од тековниот семестар, но на тој начин што вкупните студиски обврски во семестарот да не го надминат бројот од 35 кредити;
  • Условот за запишување на повеќе од 35 кредити е: положени предмети и реализирани сите кредити од сите претходно запишани предмети и просечна оцена најмалку 8,5. Студентите кои запишуваат поголем број кредити од 35, поднесуваат Барање за одобрување запишување поголем број кредити (во писмена форма, до продеканот за настава на ФЕИТ, преку студентската архива на Факултетот или во електронска форма на studentska_arhiva@feit.ukim.edu.mk).
  1. При запишување на предметите е потребно да се исполнат предусловите дефинирани со предметните програми што се приложени во инфор­мациските пакети за секоја студиска година дадени на веб страницата на Факултетот.

Важни напомени за студентите

  1. Сите студенти се должни да го достават интерниот пријавен лист испечатен од online пријавувањето.
  2. Согласно Правилата за студирање студентот го губи статусот на студент запишан во државна квота (квота со партиципација) и ги продолжува студиите во квота со кофинансирање (квота со школарина) ако:

        – еден предмет запише по трет пат;

     – не освоил најмалку 50% од запишаните ЕКТС кредити во зимскиот семстар од претходната учебна                     година. Оваа одлука се однесува при запишување на сите наредни зимски/летни семестри.

  1. Молба за промена на веќе избран изборен предмет, студентите можат да поднесуваат најдоцна до 11.10.2020 година, односно непосредно по почетокот на зимскиот семестар со надомест од 1.000,00 денари.

ФИНАНСИСКИ ОБВРСКИ

Износ на партиципација за државна или квота со кофинансирање за РЕДОВНО запишаните студенти согласно цените на кредит по година на запишување, студиска програма и начин на студирање:

Година на запишување Студиска програма Начин на студирање Цена на    кредит
2012/2013 до 2020/2021 Сите Државна 205,00
2012/13 до 2020/2021 Сите Кофинансирање 410,00

Примери:

Ако студент во државна квота запишува 30 кредити, неговите финансиски обврски изнесуваат:   30 x 205,00=6.150,00 денари.

Студент во квота со кофинансирање што запишува 30 кредити, неговите финансиски обврски изнесуваат: 30 x 410,00= 12.300,00 денaри.

Упис на семестар на студенти кои се во завршен – последен семестар од студии

(студенти кои ги положиле сите испити, а не го одбраниле дипломскиот труд) 

  1. Студентите кои ги положиле сите предвидени испити и пријавиле дипломски труд, доколку истиот го одбранат до 30.9.2021 година, немаат обврска за запишување зимски семестар.
  2. Студентите кои го запишале дипломскиот труд во претходниот зимски семестар и истиот не го одбраниле до 30.9.2021 година, а ги имаат положено сите испити, ќе треба повторно да го запишат/пријават дипломскиот труд при што повторно уплаќаат 8, односно 9 кредити (8 ако студираат според план 2012, а 9 ако студираат според план 2017) и 200,00 ден. (материјални трошоци) на жиро сметка на Факултетот (осигурување и уверенија за редовност), односно доставуваат:
    • Индекс;
    • Образец А3 за запишување семестар;
    • Статистички лист за учебната 2021/2022 год (ВОИ-20);
    • Интерен пријавен лист (се запишува/презапишува дипломскиот труд како задолжителен предмет);
    • Пријава за дипломски труд (во четири примерока, претходно заверена во архивата на факултетот и уплата за адмнистративна такса од 50,00 ден.)
    • Уплата за партиципација (8, односно 9 кредити за дипломскиот труд) на факултетската жиро сметка (државна или квота со кофинансирање);
    • Материјални трошоци (се уплаќаат само 200,00 ден. на факултетската жиро сметка);
    • Анкета (ако се слушани предмети во летниот семестар)
  3. Студентите кои ги положиле сите испити, а пријавиле дипломски труд во летниот семестар и истиот нема да го одбранат до 30.9.2021 година, се должни да запишат зимски семестар, при што покрај потребните документи, треба да приложат уплатница во износ од 200,00 денари (материјални трошоци) на жиро сметка на Факултетот (осигурување, уверенија за редовност) и уплатница од 1000,00 денари за административни трошоци на жиро сметка на Факултетотот. Се доставуваат истите документи како во точка 2, без интерен лист и партиципација.
  4. Студентите кои покрај дипломски труд запишуваат барем еден предмет, доставуваат комплетна документација (страна 2 Потребни документи за запишување зимски семестар).

 

Скопје, 7.9.2021 година                                                                                             Од Деканатот на ФЕИТ – Скопје