Соопштение за заверка на летен семeстар 2021/2022 и упис на зимски семестар 2022/2023

Последна измена: септември 19, 2022

Заверката на летниот семестар 2021/2022, како и запишувањето на зимскиот семестар во учебната 2022/2023 година за студентите запишани на прв циклус студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скоп­­­је, ќе ги содржи следниве чекори:

1. Електронско пријавување од 13.9. до 25.9.2022  година

Во системот iKnow www.iknow.ukim.edu.mk секој студент треба да го запише зимскиот семетар 2022/2023 и да ги избере соодветните предмети.

2. Резервирање термин за доставување на документите

На порталот е-Курсеви, (во Виртуелни училници, во курсот Студентска служба/Запишување зимски семестар 2022/2023), креирана е активност Закажување термин (упатство за користење на активноста), преку која секој студент задолжително треба да избере термин помеѓу 12:00 и 15:00 часот, во периодот од 19.09 – 30.09.2022 година.  Во резервираниот термин студентот ќе може да ги доста­ви комплетните документи на шалтерите на Одделението за студентски прашања.

3. Доставување на документите од 19.9 до 30.9.2022 година

Комплетните документи студентот ги доставува на шалтерите на Одделението за студентски прашања исклучиво во резервираниот термин. (Ве молиме за строго почитување на одбраниот термин)

Студентите кои нема да ги почитуваат предвидените рокови, уписот на семестарот ќе може да го реализираат со поднесување молба за задоцнет упис и надомест, согласно ценовникот на ФЕИТ. Истото важи и за студентите кои ќе се пријават електронски, но нема да достават комплетни документи во Одделението за студентски прашања во предвидениот рок.

Потребни документи за заверка на летен семестар:

  1. Индекс (во кој треба да бидат впишани предметите што студентот ги слушал во летниот семестар).
  2. Образец А4 (Семестрален лист за заверка на семестар) пополнет со предметите што студентот ги слушал во летниот семестар) .
  3. Студентите кои плаќањето на финансиските обврски го реализираат на повеќе рати, потребно е да достават уплатница со реализирана уплата на ратата што недостасува на жиро-сметка на Факултетот.
  4. За следење на процесот на самоевалуација на ФЕИТ, студентите се должни да пополнат анонимна електронска анкета за наставата во летниот семестар 2021/2022 година. Електронската анкета се пополнува на адресата http://anketa.feit.ukim.edu.mk/ која што ќе биде наскоро отворена. Како доказ за пополнување на анкетата се приложува принт од последната страна од анкетата. Електронската анкета е задолжителен предуслов за прием на документи за упис на семестар.

Потребни документи за запишување зимски семестар:

  1. Индекс
  2. Образец А3 за запишување семестар (се запишуваат предметите што ќе се слушаат во зимскиот семестар 2022/2023);
  3. Статистички лист за учебната 2022/2023 год (ВОИ-20);
  4. Интерен пријавен лист со предмети (се печати страницата од I know системот со избраните предмети што ќе се слушаат во зимскиот семестар 2022/2023)
  5. Уплата за партиципација (државна квота: број на кредити Х 205,00 ден.или квота со кофинансирање: број на кредити Х 410,00 ден.) на жиро сметка на Факултетот:
    • Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии
    • Депонент: НБРМ
    • Tрезорска сметка: 100000000063095
    • Трезорска подсметка: 160010428678814
    • Повикување на број: 723012, програма 41
    • Цел на дознака: Партиципација за државна/кофинансирање за XY кредити
  6. Уплатница во вкупен износ од 1300,00 ден. на истата жиро сметката (на ФЕИТ), со цел на дознака: Материјални трошоци. Овој износ се однесува за: тетратки за испити/колоквиуми 200,00 ден., обнова на книжен фонд 150,00 ден., солидарна одго­ворност 100,00 ден., колективно осигурување 100,00 ден., уверенија за редовност 100,00 ден. и материјали и опрема за лабораториски вежби и развој на компјутерска мрежа 650,00 ден.
  7. Уплатница во износ од 750,00 ден. за Примач: УКИМ – за ИКСА, ФЕИТ, Банка: НБРМ, жиро с-ка: 100000000063095, сметка за буџетски корисник: 1600103689 788 18, приходна шифра: 723012 41.
  8. Потврда за извршена уплата на 3 кредити за реализирана пракса (за студентите кои се запишани по наставен план 2012), на факултетската жиро сметка (задолжително се уплаќа на посебна уплатница, со цел на дознака: уплата на кредити за пракса).
  9. Студентите кои при запишувањето на зимскиот семестар имаат освоено 200 кредити од положени задолжителни и изборни предмети, студентска пракса и курсеви, задолжително го запишуваат и дипломскиот труд. При тоа доставуваат Пријава за дипломски труд (во четири примероци претходно потпишани од менторот и од кандидатот и заверени во архивата на Факултетот со 50,00 ден. административна такса).
    • Краен рок за доставување на комплетната пријава за дипломски труд е 31.10.2022 година.

Студенти кои ги положиле сите испити, а го запишуваат/презапишуваат само дипломскиот труд

  1. Индекс;
  2. Образец А4 за заверка на семестар (доколку во летниот семестар студентот слушал предмети);
  3. Анкета (доколку во летниот семестар студентот слушал предмети),
  4. Образец А3 за запишување семестар,(се запишува само дипломскиот труд);
  5. Интерен пријавен лист со запишан дипломски труд – истиот се пополнува и печати при електронското пријавување на iknow.ukim.edu.mk. Дипломскиот труд се запишува/презапишува како задолжителен предмет.
  6. Пријава за дипломски труд (во четири примерока, претходно потпишана од менторот и од кандидатот и заверена во архивата на факултетот и уплата за адмнистративна такса од 50,00 ден.)
  7. Потврда за извршена уплата на партиципација – 8 или 9 кредити за дипломски труд, на факултетската жиро сметка (државна или квота со кофинансирање,).
  8. Потврда за извршена уплата од 200,00 ден. на факултетската жиро сметка со цел на дознака: материјални трошоци ;
  9. Статистички лист за учебната 2022/2023 година (ВОИ 20).

Студенти кои ги положиле сите испити и го запишале дипломскиот труд во претходниот семестар (Празен семестар)

  1. Индекс;
  2. Образец А4 за заверка на семестар (ако слушале со впишани предмети или само со дипломски труд);
  3. Образец А3 за запишување на семестар;
  4. Потврда за извршена уплата од 1000,00 ден. на жиро сметка на ФЕИТ со цел на дознака: административен трошок за запишување на семестар;
  5. Потврда за извршена уплата од 200,00 ден. на жиро сметка на ФЕИТ со цел на дознака: материјални трошоци;
  6. Статистички лист за учебната 2022/2023 година (ВОИ 20 ).

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Услови за заверување на летниот семестар

  1. Студентот може да го завери летниот семестар само ако ги исполнил академските обврски за сите предмети што ги запишал во дадениот семестар.
  • Потврда за исполнети академски обврски за предмет претставува добиен потпис во електронскиот систем iKnow.

     2.  Семестарот може да се завери и без потпис за предметите, за што се плаќа надомест од 1.000,00 денари на жиро-сметката на Факултетот, со што се овозможува да се заверат      останатите предмети, за кои студентот добил потпис во iKnow.

  • Студентот нема право да ги полага испитите по оние предметите за кои не се исполнети академските обврски (нема потпис во iKnow). Доколку овие предмети се задолжителни, студентот е должен да ги запише и ислуша во следната учебна година.

Правила за запишување на зимскиот семестар

  1. Секој студент што запишува зимски семестар е должен да изврши избор на предмети што ќе ги слуша во зимскиот семестар, според следните правила:

  • Во секој семестар студентот запишува предмети со најмногу 35 кредити, а најмалку 21 кредит,
  • При запишувањето на семестарот студентот прво ги запишува неположените задолжителни предмети од претходниот зимски семестар, потоа задолжителните предмети од тековниот семестар и на крај, изборните предмети од тековниот семестар, при што вкупните студиски обврски во семестарот не надминуваат 35 кредити,
  • Студентот може да запише повеќе од 35 кредити само доколку ги исполнува следниве услови: положени предмети и реализирани кредити од сите претходно запишани семестри со просечна оценка најмалку 8,5.

Студентот кој ги исполнува овие услови и сака да запише поголем број кредити од 35, поднесува Барање за одобрување на запишување поголем број кредити до продеканот за настава на ФЕИТ (во писмена форма со уплата од 50,00 ден. за адм. т-са, или преку студентската архива на Факултетот, или електронски на адресата studentska_arhiva@feit.ukim.edu.mk)

НАПОМЕНА: Ќе бидат разгледувани доставените молби за запишување на поголем број кредити од 35 само на оние студенти кои ги исполнуваат погоре наведените услови.

  1. Помалку од 21 кредит може да запишат студентите кои запишуваат предмети, односно кредити за да го освојат потребниот минимум од 232 кредити, односно 231 кредит потребен за да имаат право да го бранат дипломскиот труд.
  2. При запишување на предметите, потребно е да бидат исполнети предусловите дефинирани со предметните програми што се приложени во инфор­мациските пакети за секоја студиска година, дадени на веб страницата на Факултетот.
  3. Студентот може да поднесе молба за промена на веќе избран изборен предмет, најдоцна до 15.10.2022 година, односно непосредно по почетокот на зимскиот семестар, со доставување на молба со 50 ден. административна такса преку архивата на Факултетот и надомест од 1.000,00 денари.
  4. Студентите кои ги положиле сите предмети и го запишале дипломскиот труд, истиот треба да го одбранат најдоцна до 30.09.2022 година. Во спротивно, за да го задржи статусот редовен студент тој е должен да запише зимски семестар 2022/2023 според обврските што му преостануваат до дипломирање.
  5. Запишаниот дипломски труд во зимскиот семестар 2022/2023 година студентот има право да го одбрани во рок од една година, односно најдоцна до 30.09.2023 год. Доколку дипломскиот труд не се одбрани во овој рок истиот се презапишува со можност за промена на ментор и тема.
  6. Максималниот број студенти кои можат да пријават дипломски труд кај еден ментор е 15 студенти (во периодот од 1.10.2022 до 30.9.2023 година).
  7. При уписот на секој зимски семестар, односно нова студиска година, студентите имаат обврска да достават потврда за извршена студентска пракса одобрена од менторот на студиската програма во траење од најмалку еден месец. Пред дипломирање студентот треба да има извршено најмалку три месеци пракса (за едномесечна пракса се признаваат лабораториските вежби после прва година).

Преминување од државна квота во квота со школарина (кофинансирање)

  1. Согласно Правилата за студирање, студентот го губи статусот на студент запишан во државна квота (квота со партиципација) и ги продолжува студиите во квота со школарина (квота со кофинансирање) ако:

  • еден предмет запише по трет пат,
  • не освои најмалку 50% од запишаните ЕКТС кредити во соодветниот зимски/летен семестар од претходната учебна година. Оваа одлука се однесува при запишување на сите наредни зимски/летни семестри.


ФИНАНСИСКИ ОБВРСКИ

Студентите треба да достават уплатница финансиските обврски за студирањето, на жиро-сметкатата на факултетот:

  • За студентите запишани во квота со партиципација (државна квота) финансиските обврски изнесуваат 100 ЕВРА во денарска противвредност (6.150,00 ден) за 30 кредити. Цената на еден кредит изнесува 205,00 ден.
  • Студентите кои плаќаат школарина (квота со кофинансирање на студирањето), финансиските обврски изнесуваат 200 ЕВРА во денарска против­вредност (12.300,00 ден) за 30 кредити. Цената на еден кредит изнесува 410,00 ден.
  • Студентите плаќаат на име партиципација/школарина според бројот на запишани кредити (пример: за запишани 28 кредити Х 205,00 ден./410,00 ден.= 5740,00 ден./11480,00 ден.)

При уплатата се користи образецот ПП50, а во соодветните полиња се внесува:

  • Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Tрезорска сметка: 100000000063095
  • Сметка на буџетски корисник: 160010428678814
  • Приходна шифра: 723012, програма 41
  • Цел на дознака: Партиципација за државна/кофинансирање за XY кредити