Се известуваат сите студенти запишани по првпат во прва година во учебната 2023/2024 (бруцоши) дека треба да се јават на задолжителен систематски преглед во период
од 7:30 до 12:00 часот секој работен ден
во ЗУ Поликлиника на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“- Скопје, сместена во студентскиот дом “Кузман Јосифовски –Питу“, бул. “Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 58.
Систематскиот преглед опфаќа: општ медицински преглед, стоматолошки преглед и лабораторија (во лаборатoрија од 7.30 до 10.00 часот).
Потребни документи:
- Индекс;
- Заверена здравствена легитимација
- Копија од здравствена легитимација од страна 2 до страна 5.
ВАЖНО: Систематскиот преглед е задолжителен услов за заверка на зимскиот семестар 2023/24 година, а доказ за тоа е печатот на ЗУ Поликлиника на УКИМ на задната страна од индексот.
Скопје, 16.1.2024
Одделение за студентски прашања